Мени

ORCA MOДЕЛ ORCA EКСПЕРТИЗA ORCA РЕФЕРЕНЦИ СОСТОЈБА AКТУЕЛНO БЛОГ О ORCA КОНТАКТ

AКТУЕЛНO

IMPORTANT FOR ANIMALS: STARTING FROM TODAY, STRICTER PENALTIES FOR ABUSERS

Aktuelno - 01.12.2019

IMPORTANT FOR ANIMALS: STARTING FROM TODAY, STRICTER PENALTIES FOR ABUSERS

Important for animals: the new Criminal Code comes into effect todayAs many as 30,000 signatures of ...

повеќе детали

TOGETHER WE PROVIDED 15,000 MEALS FOR ABANDONED CATS AND DOGS

Aktuelno - 21.10.2019

TOGETHER WE PROVIDED 15,000 MEALS FOR ABANDONED CATS AND DOGS

Animal food given to the organizations and individuals who are actively working on lowering the numb...

повеќе детали

ORCA AND PANINI TOGETHER FOR ANIMALS

Aktuelno - 13.02.2019

ORCA AND PANINI TOGETHER FOR ANIMALS

ORCA and PANINI provided 100.000 meals for animals that need them the most!With great pleasure we sh...

повеќе детали

MEETING OF THE BALKAN COUNTRIES ON THE TOPIC OF ABANDONED ANIMALS

Aktuelno - 18.06.2018

MEETING OF THE BALKAN COUNTRIES ON THE TOPIC OF ABANDONED ANIMALS

On the Third OIE Regional Workshop on Stray Dog Population Management for Balkan Countries (SDB...

повеќе детали

ACTION FOR PEOPLE AND DOGS!

Aktuelno - 01.05.2018

ACTION FOR PEOPLE AND DOGS!

Thousands of abandoned dogs are roaming the streets of cities and municipalities across Serbia. They...

повеќе детали

ABANDONED DOGS – THERE IS A SOLUTION

Aktuelno - 12.04.2018

ABANDONED DOGS – THERE IS A SOLUTION

Results of the efforts made so far to solve problems of abandoned animals are unsatisfactory: with c...

повеќе детали

FOR PEOPLE AND DOGS: MODEL OF DOG POPULATION CONTROL FOR SAFE AND HUMANE LOCAL COMMUNITY

Aktuelno - 25.04.2017

FOR PEOPLE AND DOGS: MODEL OF DOG POPULATION CONTROL FOR SAFE AND HUMANE LOCAL COMMUNITY

Presence of abandoned animals in public areas represents one of the most abundant and important prob...

повеќе детали

PROJECT „ABANDONED ANIMALS IN BOGATIC“

Aktuelno - 14.10.2016

PROJECT „ABANDONED ANIMALS IN BOGATIC“

During 2016. ORCA has implemented the project on the territory of Bogatic municipality aimed to prov...

повеќе детали

OIE CONFERENCE ON ABANDONED DOGS

Aktuelno - 16.06.2016

OIE CONFERENCE ON ABANDONED DOGS

On the Second OIE Regional Workshop on Stray Dog Population Management for Balkan Countries (SDB2), ...

повеќе детали

DOG POPULATION CONTROL IN SERBIA

Aktuelno - 01.01.2016

DOG POPULATION CONTROL IN SERBIA

Presence of abandoned animals in public areas represents one of the most abundant and important...

повеќе детали

БЛОГ

СОСТОЈБА

На оваа страница можете да дознаете каква е состојбата во областа на контрола на популацијата на кучиња во земјите на западниот Балкан каде што е активна нашата организација.


ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ КЛИКНЕТЕ СО МАУСОТ НА ПОСАКУВАНАТА ЗЕМЈА


* Ова име не е во спротивност со статусот и е во согласност со Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации 1244 и мислењето на Меѓународниот суд на правда за декларацијата за независност на Косово.
Србија
Косово*
Име: Србиja

Број на жители: 7.040.272
(извор: Републички завод за статистика, 2017)

Надлежности во областа на контрола на популацијата на кучиња:
Во Србија, надлежност за контрола на популацијата на кучиња има Управата за ветерина, Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство на Република Србија во делот кој се однесува на надзор над спроведувањето на прописи во областа на контрола на популацијата на кучиња, oдносно примена на важни мерки како што се идентификација и регистрација, вакцинирање на кучињата и слично.

Локалните самоуправи имаат надлежност да:
  • основаат зоохигиенска служба за фаќање и згрижување на напуштени животни во прифатилиштата (член 46. од Законот за ветеринарство).
  • oрганизираат прифатилиште доколку на територијата имаат напуштени животни (член 66. од Законот за благосостојба на животните)
  • да ги развиваат и применат Програмите за контрола на популацијата на напуштени кучиња и мачки според специфичностите на средината (член 54. од Законот за благосостојба на животните)
Име: Косовo*

Број на жители: 1.907.592
(извор: Aгенција за статистика на Косово, 2011)

Надлежности во областа на контрола на популацијата на кучиња:
Во Косово, Министерството за земјоделство, шумарство и рурален развој е одговорно за спроведување на Законот за грижа кон животните, додека општинските власти се надлежни за преземање на:
  1. регистрација на кучињата;
  2. годишна вакцинација против беснило и против ехинококус со отстранување на ларви и глисти;
  3. фаќање на скитници кучиња и мачки, и ако е неопходно, нивна евтаназија;
  4. отстранување и безбедно уништување на труповите наведени во точка (в);
  5. воспоставување засолништа за кучиња и мачки, по потреба.

Законска рамка:
  • Закон за потврдување на Европската конвенција за заштита на домашни миленици („Службен весник на Република Србија – меѓународни договори“, бр. 1/2010).
  • Закон за ветеринарство („Службен весник на РС“, бр. 91/2005, 21/2010)
  • Закон за благосостојба на животните („Службен весник на РС“, бр. 41/2009)
  • Закон за комунални дејности („Службен весник на РС“, бр. 88/2011 и 104/2016)
  • Правилник за начинот на обележување и регистрација на кучиња и мачки („Службен весник на РС“, бр. 23/2012)
  • Правилник за условите што треба да ги исполнуваат засолништата и пансионите за животни („Службен весник на РС“, бр. 19/2012)
  • Правилник за условите што треба да ги исполнуваат одгледувачниците за животни („Службен весник на РС“, бр. 14/2012)
  • Правилник за начинот на чување на кучиња кои се опасни за средината („Службен весник на РС“, бр. 65/2010)
  • Правилник за утврдување на мерки за рано откривање, дијагностика, спречување на ширење, сузбивање и искоренување на заразната болест беснило и за начинот на нивното спроведување („Службен весник на РС“, бр. 78/2009)

Законска рамка:
  • Закон за заштита на животните (Бр. 02/L-10)
  • Закон за ветеринарство (Бр. 2004/21)
  • Закон за спречување и сузбивање на заразни болести (Бр. 02/L-109)

Специфичности:
  1. Дали е потпишана и/или ратификувана Европската конвенција за заштита на домашни миленици?
    Да.
  2. Дали е забрането напуштање на домашниот миленик?
    Дa. Забрането е да се напушти и да се отфрли животно чиј опстанок зависи непосредно од човекот, па така и домашен миленик (член 7, став 2, од Законот за благосостојба на животните).
  3. Da li postoji centralna baza podataka u koju se unose podaci o registrovanim psima?
    Дa. Со Законот за ветеринарство пропишана е централна база на податоци за обележување на животни која ја води Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство на Србија (член 85) и утврдена е обврска на сопствениците и оние што чуваат животни да ги обележат и регистрираат животните (член 6, став 7.), односно да имаат документ за идентификација (пасош) кој ги следи животните во текот на нивниот живот (член 87). Деталните правила во оваа област пропишани се во Правилникот за начинот на обележување и регистрација на кучиња и мачки.
  4. Дали е пропишана обврската за изработка и примена на Програма за контрола на популација на кучиња?
    Дa. Oрганите на локалната самоуправа должни се да изработат и да спроведат програма за контрола и намалување на популацијата на напуштени кучиња и мачки според специфичностите на средината (Член 54. од Законот за благосостојба на животните).
  5. Дали постои обврска за сместување на кучиња во прифатилиште, те. засолниште за напуштени животни?
    Дa. Локалната самоуправа должна е на својата територија да организира зоохигиенска служба која, меѓу другото ги фаќа и згрижува напуштените животни во прифатилишта за животни (член 16. од Законот за ветеринарство). Oрганот на локалната самоуправа должен е да обезбеди прифатилиште ако на својата територија има напуштени животни, те. собирање, превоз, згрижување на напуштените и изгубени животни, како и да им даде помош, нега и сместување во прифатилиште (член 66. од Законот за благосостојба на животните).
  6. Дали законот пропишува рок по кој е можно да се евтанизира напуштеното животно сместено во прифатилиште/ засолниште?
    Не. Лишувањето од живот на животните на хуман начин, е можно само во посебни случаи, кои вклучуваат: повредено животно, смртно болно, телесно деформирано или на друг начин патолошки онеспособено така да заздравувањето не е воможно, а животот за него претставува болка, страдање, страв и стрес; ако поради старост откажуваат основните животни функции; ако со тоа се спречува ширење, те се сузбиваат и искоренуваат заразни болести, во согласност со законот со кој се уредова ветеринарството, те ако лишувањето од живот е од поголема корист за неговата благосостојба од страдањето од понатамошниот живот, во согласност со мислење на ветеринар (член 15. од Законот за благосостојба на животните).

СПЕЦИФИЧНОСТИ:
  1. Дали е потпишана и/или ратификувана Европската конвенција за заштита на домашни миленици?
    Не.
  2. Дали е забрането напуштање на домашниот миленик?
    Не.
  3. Дали постои централна база на податоци во која се внесуваат податоци за регистрираните кучиња?
    Не. Пропишана е обврска на општинските власти да ги регистрираат кучињата, како и годишна вакцинација против беснило и против ехинококус со отстранување на ларви и глисти (член 13, од Законот за ветеринарство), но не е пропишан упис на податоци во посебен регистер на централно ниво.
  4. Дали е пропишана обврската за изработка и примена на Програма за контрола на популација на кучиња?
    Не.
  5. Дали постои обврска за сместување на кучиња во прифатилиште, те. засолниште за напуштени животни?
    Дa. Општинските власти се должни да ја преземат организацијата на засолништа за кучиња и мачки, според потребата (член 13, од Законот за ветеринарство). Косовската служба за ветеринарство и исхрана издава задолжителна дозвола за работа на засолништата (член 14. од Законот за заштита на животните)
  6. Дали законот пропишува рок по кој е можно да се евтанизира напуштеното животно сместено во прифатилиште/ засолниште?
    Не.** Aгресивните животни можат да се убијат ако претставуваат опасност за здравјето на животните и човекот, а според одлуката на Косовската служба за ветеринарство и исхрана (член 10.2 од Законот за заштита на животните), додека надлежност за евентуална евтаназија на скитниците кучиња и мачки имаат општинските власти (член 13. од Законот за ветеринарство).

  1. ** Законот за грижа кон животните пропишува дека Министерството ќе донесе подзаконски акт со кој ги уредува условите и методите за убивање животни (член 8.4), за што во меѓувреме можеби е пропишан рок.
Босна и Херцеговина
Име: Босна и Херцеговина

Број на жители: 3.531.159
(Извор: Агенција за статистика на Босна и Херцеговина, 2013)**

** Методологијата по која е направен пописот на население на Босна и Херцеговина во 2013 година, Република Српска не ја признава, како ни официјалните резултати.

Надлежности во областа на контрола на популацијата на кучиња:
На државно ниво, надлежноста за благосостојба на животните (како и заштитата на напуштени и изгубени животни) им припаѓа на Одделот за здравство и благосостојба на животните, Управата за ветеринарство на Босна и Херцеговина, Министерство за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина.

На ниво на ентитети, за благосостојба на животните (како и заштитата на напуштени и изгубени животни) надлежно e:
  • Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Српска – ресор ветеринарна служба;
  • Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Федерација на Босна и Херцеговина – сектор ветеринарна служба;
  • Републичка управа за инспекциски работи - оддел за ветеринарна инспекција;
  • Федералнa управа за инспекциски работи - оддел за ветеринарна инспекција;
  • Оддел за земјоделство, поделба за ветеринарна област Брчко Дистрикт во БиХ;
  • Инспекторатот на Брчко Дистрикт

На локално ниво, надлежност за контрола на популацијата на кучиња во Босна и Херцеговина има управниот орган на кантонот, градот или општината.

Законска рамка:
  • Закон за ветеринарство на Федерацијата на Босна и Херцеговина (“Службен весник на ФБиХ” брoj: 46/2000)
  • Закон за ветеринарство на Босна и Херцеговина (“Службен весник на БиХ” брoj: 34/2002)
  • Закон за ветеринарство на Република Српска (“Службен весник на РС” брoj: 42/2008)
  • Закон за заштита и благосостојба на животните на Република Српска („Службен весник на Република Српска “ брoj 118/2008)
  • Закон за заштита и благосостојба на животните на Босна и Херцеговина (“Службен весник на БиХ” бр. 25/2009)
Специфичности:
  1. Дали е потпишана и/или ратификувана Европската конвенција за заштита на домашни миленици?
    Не.
  2. Дали е забрането напуштање на домашниот миленик?
    Да. Посебно е забрането е да се напушти животно чувано како миленик и други животни чувани под надзор на човек (Член 4, став 2. од Законот за заштита и благосостојба на животните на БиХ).
  3. Дали постои централна база на податоци во која се внесуваат податоци за регистрираните кучиња?
    Дa. Сопствениците на кучиња и мачки должни се да ги регистрираат во ветеринарната организација која води регистар на животни, во рок од седум дена од денот на сопственост, а Канцеларијата за ветеринарство на Босна и Херцеговина да води Регистар за сите обележани кучиња и мачки (Член 8. од Законот за заштита и благосостојба на животните на БиХ).
  4. Дали е пропишана обврската за изработка и примена на Програма за контрола на популација на кучиња?
    Не.
  5. Дали постои обврска за сместување на кучиња во прифатилиште, те. засолниште за напуштени животни?
    Дa. Засолништата за животни мора да се основаат во рок од една година од денот на влегување во сила на Законот за заштита и благосостојба на животните, a до тогаш ветеринарните станици во соработка со надлежните општински тела можат да спроведуваат мерки за контрола на популацијата на напуштени кучиња (член 43. од Законот за заштита и благосостојба на животните на БиХ). Посебна служба (хигиенски сервис) задолжена е за фаќање на напуштени и изгубени животни и за нивно сместување во засолништа за животни (член 29. од Законот за заштита и благосостојба на животните на БиХ).
  6. Дали законот пропишува рок по кој е можно да се евтанизира напуштеното животно сместено во прифатилиште/ засолниште?
    Нe. Eвтаназија е возможна само ако е животното болно или повредено, и не може да се излекува (член 27. став 3. од Законот за заштита и благосостојба на животните на БиХ), доколку е животното старо или опасно за средината (член 14. од Законот за заштита и благосостојба на животните на БиХ).
Црна Гора
Име: Црна Гора

Број на жители: 620.029
(извор МОНСTAT – Завод за статистика на Црна Гора, 2011)

Надлежности во областа на контрола на популацијата на кучиња:
Дирекцијата за храна, ветерина и фитосанитарни работи при Министерството за земјоделство и рурален развој е одговорна за идентификација и регистрација на кучиња, односно надзор над примената на прописите од областа на ветеринарството и благосостојбата на животните.

Начинот на постапување со напуштените и изгубени животни (домашни миленици), начинот на згрижување и контрола на нивното размножување го пропишува надлежниот орган на локалната самоуправа. Собирањето на напуштени и изгубени животни го организираат и финансираат единиците на локалната самоуправа.

Законска рамка:
  • Закон за заштита и благосостојба на животните (“Службен весник на Црна Гора”, бр. 14/2008 и 47/2015)
  • Закон за ветеринарство (“Службен весник на Црна Гора”, бр. 30/2012, 48/2015, 52/2016)
  • Закон за идентификација и регистрација на животни (“Службен весник на ЦГ”, бр. 48/2007, 73/2010, 48/2015)
  • Правилник за начинот на водење на регистар и издавање на пасош за домашните миленици (“Службен весник на Црна Гора”, бр. 53/2015, 28/2017)
  • Правилник за условите за некомерцијално движење на домашните миленици (“Службен весник на Црна Гора”, бр. 42/2016)
  • Правилник за условите што треба да ги исполнуваат пансионите и засолништата за напуштени животни (“Службен весник на Црна Гора”, бр. 28/2015)
  • Правилник за поблиските услови кои треба да бидат исполнети од страна на одгледувачницата (“Службен весник на Црна Гора”, бр. 21/2015)
  • Правилник за начинот на чување на опасни кучиња (“Службен весник на Црна Гора”, бр. 31/2017)
  • Правилник за условите што треба да ги исполнуваат објектите наменети за обука на кучиња (“Службен весник на Црна Гора”, бр. 30/2016)
  • Правилник за мерките за спречување на појава, утврдувањe, сузбивање и искоренување на беснило кај животните (“Службен весник на Црна Гора”, бр. 53/2011)
  • Правилник за мерките за спречување на појавата Echinococcus multilocularis кај кучињата (“Службен весник на Црна Гора”, бр. 22/2016)
Специфичности:
  1. Дали е потпишана и/или ратификувана Европската конвенција за заштита на домашни миленици?
    Не.
  2. Дали е забрането напуштање на домашниот миленик?
    Да, забрането е напуштање на домашно животно, чувано како миленик или други животни чувани под надзор на човек (Член 8, од Законот за заштита и благосостојба на животните).
  3. Дали постои централна база на податоци во која се внесуваат податоци за регистрираните кучиња?
    Да. Кучињата, мачките и питомите творови по идентификацијата се запишуваат во ригистарот на домашни миленици, кој е составен дел од централниот регистар за животни (член 110, став 3. од Законот за ветеринарство). Регистарот го води Управата за безбедност на храна, ветерина и фитосанитарни работи при Министерството за земјоделство и рурален развој. Законот за идентификација и регистрација на животни односно Правилникот за начинот на водење на регистар и издавање на пасош за домашните миленици поблиску ги пропишува идентификацијата и регистрацијата на животни, односно начинот на водење на регистарот на домашни миленици.
  4. Дали е пропишана обврската за изработка и примена на Програма за контрола на популација на кучиња?
    Не.
  5. Дали постои обврска за сместување на кучиња во прифатилиште, те. засолниште за напуштени животни?
    Да, пропишана е обврска за преземање и сместување на напуштени кучиња во прифатилишта, односно засолништа за напуштени животни (домашни миленици). Прифатилиштето е должно да организира самостојно или во соработка со единиците на локалната самоуправа, собирање и транспорт на изгубените и напуштените кучиња до прифатилиштето. Пансионите и засолништата може да ги основаат стопански друштва и претприемачи, односно други правни лица, а во нив мора да постои вработено лице оспособено за грижа за животни (членови 26. и 27. од Законот за заштита и благосостојба на животните).
  6. Дали законот пропишува рок по кој е можно да се евтанизира напуштеното животно сместено во прифатилиште/ засолниште?
    Да. Пропишано е дека ако домашниот миленик во рок од 30 дена од денот на сместување во прифатилиштето не се вдоми или згрижи на друг начин, може да се усмрти (член 27. од Законот за заштита и благосостојба на животните).
БЈР Македонија
Име: БЈР Македонија

Број на жители: 2.072.490
(извор: Државен завод за статистика на БЈР Македонија, 2016)

Надлежности во областа на контрола на популацијата на кучиња:
Агенцијата за храна и ветеринарство на Владата на БЈР Македонија надлежна е да го следи спроведувањето на законодавството во областа на благосостојба на животните и контролата на популацијата на кучиња.

Надлежноста за контрола на популацијата на кучиња ја имаат општините, општините во рамките на град Скопје и град Скопје. Тие се должни:
  • да собираат и привремено сместуваат во прифатилиште нерегистрирани кучиња, како и регистрирани кучиња кои се на јавна површина без присуство на сопственик (Член 28, став 1. од Законот за заштита и благосостојба на животните)
  • да развиваат и да усвојат повеќегодишен план и програма за контрола на популацијата на кучиња, а кои треба да ги одобри Агенцијата за храна и ветеринарство на Владата на БЈР Македонија (Член 28, став 3. од Законот за заштита и благосостојба на животните).

Законска рамка:
  • Закон за заштита и благосостојба на животните (“Службен весник на БЈР Македонија”, бр. 149/2014))
  • Закон за ветеринарство (“Службен весник на БЈР Македонија”, бр. 113/2007)
  • Закон за идентификација и регистрација на животни (“Службен весник на БЈР Македонија”, бр. 95/2012)
  • Правилник за идентификација и регистрација на домашни миленици (“Службен весник на БЈР Македонија”, бр. 18/2013, 153/2015)
  • Правилник за техничките услови за прифатилишта, условите за чување на животни во прифатилишта, постапката на евтаназија, начинот на водење на евиденција и начинот на вршење на надзор, формата и содржината на регистрацијата и начинот на регистрација, како и за информациите потребни за регистрација (“Службен весник на БЈР Македонија”, бр.141/2010)
  • Правилник за начинот и постапката за пријава на беснило кај домашни и диви животни, како и за мерките кои треба да се преземат за сузбивање и искоренување на беснило (“Службен весник на БЈР Македонија”, бр. 155/2012)
Специфичности:
  1. Дали е потпишана и/или ратификувана Европската конвенција за заштита на домашни миленици?
    Не.
  2. Дали е забрането напуштање на домашниот миленик?
    Дa, забрането е напуштање на домашните миленици (член 26. став 2. од Законот за заштита и благосостојба на животните).
  3. Дали постои централна база на податоци во која се внесуваат податоци за регистрираните кучиња?
    Да. Електронската база со податоци за регистрираните животни ќе ја воспостави и води Агенцијата за храна и ветеринарство (Член 11, став 1. од Законот за идентификација и регистрација на животни). Сопствениците на кучиња обврзани се еднаш годишно да го пријават кучето во овластена ветеринарска клиника или болница поради идентификација и регистрација, односно да применат мерки за заштита на здравјето во согласност со прописите со кои се уредува ветеринарството (Член 27, став 1. од Законот за заштита и благосостојба на животните).
  4. Дали е пропишана обврската за изработка и примена на Програма за контрола на популација на кучиња?
    Да, општините, општините во рамките на град Скопје и град Скопје треба да развијат и усвојат повеќегодишен план и програма за контрола на популацијата на напуштени кучиња, а кои треба да ги одобри Агенцијата за храна и ветеринарство на Владата на БЈР Македонија (член 28. став 3, од Законот за заштита и благосостојба на животните).
  5. Дали постои обврска за сместување на кучиња во прифатилиште, те. засолниште за напуштени животни?
    Да, пропишана е обврската општините, општините во рамките на град Скопје и град Скопје да ги сместат напуштените кучиња во прифатилишта (член 28. од Законот за заштита и благосостојба на животните).
  6. Дали законот пропишува рок по кој е можно да се евтанизира напуштеното животно сместено во прифатилиште/ засолниште?
    Не. Евтаназија на напуштените кучиња може да се спроведе само во случај на сомнеж на заразна болест која може да се пренесе на кучињата или доколку постои ризик од таква болест (член 28. став 6, од Законот за заштита и благосостојба на животните).
Aлбаниja
Име: Aлбаниja

Број на жители: 2.876.591
(извор: INSTAT - Институт за статистика на Албанија, 2017)

Надлежности во областа на контрола на популацијата на кучиња:
Управата за ветерина на Министерството за земјоделство и рурален развој е одговорна за надзор над спроведувањето на прописите од областа на ветеринарството и примената на мерката за идентификација и регистрација на кучиња.

На локално ниво, општините и градовите имаат надлежност за контрола на популацијата на кучиња во Албанија.

Законска рамка:
  • Закон бр. 10465 од 29.09.2011 за ветерина во Република Албанија
  • Закон бр. 70/2013 за измени и дополнувања на Закон бр. 10465 од 29.09.2011 за ветерина во Република Албанија
  • Правилник за правилата во областа на здравјето и благосостојба на животните, бр. 382, oд 31.07.2006
Специфичности:
  1. Дали е потпишана и/или ратификувана Европската конвенција за заштита на домашни миленици?
    Не.
  2. Дали е забрането напуштање на домашниот миленик?
    Да. Сопствениците на животни имаат обврска да се грижат за животните и да не ги напуштат (Член 66. став 2., од Законот за ветеринарство).
  3. Дали постои централна база на податоци во која се внесуваат податоци за регистрираните кучиња?
    Да. Пропишан е систем за идентификација и регистрација на животни, чија цел, меѓу другото, е да обезбеди база со податоци за животните вклучувајќи и кучиња, односно да служи како база со податоци за контрола на здравјето и благосостојба на животните (член 5. од Законот за ветеринарство). Сопствениците на кучиња и на домашни миленици мора да обезбедат ветеринарски пасош за кучињата постари од 6 недели (член 73. од Законот за ветеринарство), a деталните правила за идентификација и регистрација на кучињата, пропишани се со членот 12. од истиот закон.
  4. Дали е пропишана обврската за изработка и примена на Програма за контрола на популација на кучиња?
    Не.
  5. Дали постои обврска за сместување на кучиња во прифатилиште, те. засолниште за напуштени животни?
    Не.
  6. Дали законот пропишува рок по кој е можно да се евтанизира напуштеното животно сместено во прифатилиште/ засолниште?
    Не.